Тиквички со шунка и кашкавал

од Stefanija Kuzmanovska
432 прегледи

Состојки:

3 средни тиквички (може и со модар патлиџан)

3-4 јајца

100 грама брашно

150-200 гр шунка по избор

200 гр моцарела

180 гр кисела павлака

сол, бибер, зачини по желба

Подготовка:

Излупете ги тиквичките и исечете ги по должина што потенко. Ставете ги во цедалка и посолете ги. Оставете ги така 30 минути. Потоа исцедете ги од сокот и валкајте ги во брашно. Пржете ги на загреано масло, малку да поруменат, а потоа ставете ги на хартиена крпа да се исцедат од маслото. (Можете да ги печете и во рерна, што е поздрава опција).

Намачкајте ја внатрешноста на огноотпорен или керамички сад и ставете ред тиквички. Врз нив наредете ја шунката и ренданиот кашкавал и така додека не ги потрошите сите состојки, а последниот слој да биде шунка.

Се матат павлаката и јајцата и со смесата се прелеваат тиквичките. Одозгора изрендајте кашкавал.

Се пече на 200 степени околу 30 минути.

Слични содржини