Тилерсон ја потврди американската поддршка за Украина

од desk2
70 прегледи

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ќе престојува во Украина за да ја потврди поддршката на САД кон таа земја која се бори против проруските активисти на истокот на земјата.

Тилерсон ќе се сретне со украинскиот претседател Петро Порошенко, само 48 саати откако присуствуваше на првата средба помеѓу американскиот и рускиот претседател на самитот на Г20 во Хамбург.

Неговата еднодневна посета на Киев доаѓа во момент кога САД ја разгледуваат можноста за преземање на поголема улога во напорите кои ги предводи Европа а имаат за цел ставање на крај на тригодишниот конфликт на истокот на Украина во кој загинаа околу 10.000 лица.

Американскиот државен секретар допатува во Киев помалку од три недели откако Порошенко го посети Вашингтон и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп барајќи гаранции за понатамошна посветеност на САД на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина./Мета