Почетна / Актуелно / Тилерсон: САД очекуваат сигнал од Пјонгјанг за конструктивен дијалог

Тилерсон: САД очекуваат сигнал од Пјонгјанг за конструктивен дијалог

Американската Администрација очекува да добие сигнал од Северна Кореја дека е подготвена за водење конструктивни преговори за надминување на сегашната криза околу нејзината нуклеарна и ракетна програма, изјави државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон.

– Чекаме режимот во Северна Кореја да ни даде некаков сигнал дека е подготвен да води конструктивни и продуктивни преговори. Неколку пати се обидовме да им кажеме дека сме спремни да преговараме, кога тие ќе бидат подготвени за тоа, но тие одговорија со уште повеќе ракетни и нуклеарни тестови, рече Тилерсон во изјава за Си-Би-Ес.

Според него, Пјонгјанг ќе ја докаже својата подготвеност за преговори кога ќе престане со тестирањата и со провокативното однесување, ќе го намали степенот на закани и ќе ја промени реториката.

Тилерсон потенцира дека доколку дипломатските напори не дадат резултат, воената опција ќе остане единствено решение за недминување на кризата.

– Советот за безбедност на ОН усвои Резолуција со која се воведуваат досега најстроги санакции во историјата, со цел да ја натера Северна Кореја да се сврти кон преговорите и кон конструктивен и продуктивен дијалог. Ако депломатските напори не дадат резулатат, воената опција останува единствено решение, додаде Тилерсон.

Претходно, и постојаниот претставник на САД во Светската организација, Ники Хејли изјави дека на Советот за безбедност на ОН му остануваат се помалку опции, откако направи се што е во негова моќ за запирање на нуклеарната програма на Северна Кореја.

– Искористивме речиси се што Советот за безбедност за сега може да направи. Се обидуваме и со други можности, но во игра се и многу воени опции, изјави Хејли за Си-Ен-Ен.

Таа нагласи дека Советот за безбедност на ОН повеќе нема опции за запирање на севернокорејската нуклеарна програма и дека „веројатно овој проблем ќе мора да го предаде на Пентагон“.

loading...