Тим Кук се приклучи на клубот на милијардери

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук влезе во клубот на милијардери, откако вредноста на акциите на таа технолошка компанија продолжува да „цвета“.

Пазарната вредност на „Епл“ е во пораст по силните деловни резултати и оптимистичките прогнози за тој технолошки гигант.

Кук директно поседува 847.969 акции и заработи повеќе од 125 милиони американски долари минатата година од приходи во фирмата.

Минатата недела, основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, забележа зголемување на личното богатство на 100 милијарди долари.

Технолошките компании, вклучително и „Епл“, „Фејсбук“ и „Амазон“ бележат раст на профитот за време на пандемијата на коронавирус бидејќи сè повеќе луѓе се свртуваат кон комуникација преку Интернет и бизнис.

„Епл“, со седиште во Силиконската долина, сега е на прагот на историски рекорд да стане првата компанија чијашто вредност се проценува на два трилиони долари. Пред две години „Епл“ стана првата компанија со проценета вредност од трилион (1.000 милијарди) долари, пренесува Би-Би-Си.

Слични содржини