128
По пријава на загрижени граѓани, тимот на „ЈП Лајка“ излегло на терен и спасило мало куче кое паднало во јама.
Од „Лајка“ велат дека не знаат колку долго кучето било во јамата, но веднаш по пријавата тимот отишле на терен.
-Нејзината здравствена состојба е добра и ќе одмори малку пред да го помине хуманиот третман во нашето прифатилиште. И дадовме име Ина, мала убава, борбена со голема желба за живот и покрај целиот стрес кој го преживеа таа сепак се радуваше на нашиот тим, објавија од „Лајка“.
Јавното претпријатие информира дека кучето ќе биде објавено за вдомување и се надеваат дека брзо ќе му се пронајде дом.