Австрискиот тенисер Доминик Тим објави дека се уште не е вакциниран против коронавирус.
Победникот на УС Опен во 2020 година, во разговор со новинарите, посочи дека сака да се вакцинира до крајот на ноември, но единственото прашање е која вакцина.
„Уште не сум вакциниран. Сакам да почекам за вакцината Новавакс, бидејќи мојот доктор ми рече дека е многу добра“, рекол Тим.
Бидејќи има рок за тенисерите кои сакаат да учествуваат на турнирот да бидат целосно имунизирани до 26 ноември, Тим рече дека, доколку е можно, ќе чекаат Новавакс да добие одобрение, и доколку не примат друга вакцина.
Тим се уште се опоравува од повредата и се надева дека повторно ќе може нормално да удира топчиња на почетокот на ноември.
Ако закрепнувањето на десната рака оди според планот, Тим сака да се врати на тениското игралиште во Абу Даби кон средината на декември на егзибициски турнир.