Читателите на американското списание “Тајм” го избраа за Личност на годината премиерот на Индија Нарендра Моди. Резултатите од гласањето беа објавени на сајтот на весникот, пренесе ТАСС.

Моди доби 18 проценти од гласовите на читателите на “Тајм”. Второто место го делат основачот на Викиликс Џулијан Асанж, претседателот на САД Барак Обама и избраниот за негов наследник Доналд Трамп со 7 отсто. Рускиот претседател Владимир Путин добива 6 проценти.
Индискиот премиер беше избран за Личност на годината од страна на читателите на “Тајм” и во текот на минатата година.
Со доаѓањето на власт на Моди во Индија во мај 2014 година странските инвестиции во земјата се зголемија за 56 проценти. До јануари 2016 година, тој направи 37 посети во странство, вклучително и во земји кои никогаш не пречекале индиски лидер.