Тимоние: Постои одредено безредие за кое мора да се најде одредена методологија

од desk4

Францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние на денешната прес конференција во врска со деталите за позицијата на С. Македонија по недобивањето на датум за преговори зборуваше за методологијата која ја наметна францускиот претседател Емануел Макрон поради која Скопје и Тирана не добија зелено светло.

За тоа дали преговорите се клинички мртви и дали ЕУ ги затвора вратите за регионот, Тимоние истакна треба да се продолжи со реформи и да се искористи шансата за време на Самитот во Загреб.

„Пред нас е загребскиот хоризонт за кој веќе е отпочната работа кај француската страна, знаеме дека проблем не е со С. Македонија. Макрон ги призна реформите и треба да кажеме дека и ние и вие треба да бидете спремни. Ние не сме подготвени. Идејата е да се одработи таа методолигија на проширувањето и доколку работиме на неа, ке кажам дека има работа која е во тек, која е отпочната пред неколку месеци, затоа не би сакал да ги откривам тајните од бриселскиот состанок, но има точка за која не бевме сами излолирани, а тоа е прашањето за методологијата за проширувањето. Треба да се земе во предвид тоа. Ние сме спремни да го иницираме тој процес. Искрено се надевам дека ќе може многу бргу да ве известам подетално, но јасно е дека на нашите партнери треба да им предложиме дека ќе се случат вистински преговори и дека тоа ќе биде добра тема за време на претседателската посета за земјите кои беа засегнати, да ги презентира своите идеи. При европска криза вистински да си ги поставиме прашањата бидејќи во политиката првата реакција е прво да се скријат работите под тепих, а потоа тие излегуваат на површина.мислам дека тоа прашање си го поставуваме бидејќи е отворено, да ја надминеме пречката. убеден сум во перспективата на Макрон и сите мои колеги за методологија, која ќе овозможи за регионот да си го најде своето место. Има голем континуитет. Јас можам да кажам дека за него прашањето европско е од суштинско значење и тој беше избран токму за тоа. Тоа е европски проект. Силна Европка за големите светски предизвици и прашањето за Балканот и тука сум согласен со Никола Димитров дека можеби не станува збор за проширување, туку остварување поради историјата на овие земји и поради фактот што тие не може да работат едни без други. Не би сакале да ги обесхрабриме. Реално треба да се најде методологија која ќе го интегрира целиот регион, бидејќи тој има проблеми со национализмот, идентитет. Тоа нема да ги реши проблемите, мора секоја земја индивидуално да има јасни етапи. Од една страна да има јасни регоналние етапи. Постои одредено безредие за кое мора да се најде одредена методологија и за тоа ќе мора да разговараме и да се надеваме дека ќе имаме дополнителен чекор за Загреб, за оние кои треба да дадеме нешто и оние кои очекуваат да добијат нешто. Се наоѓаме во процес на динамика“, рече Тимоние.

Слични содржини