ТИМОТ НА СЗО ИЗЛЕЗЕ ОД КАРАНТИН ВО ВУХАН: Започна истрагата за потеклото на коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Тимот научници од Светската здравствена организација (СЗО) го напушти хотелот денес по двонеделниот карантин во кинескиот град Вухан и ја започна својата теренска истрага за потеклото на пандемијата КОВИД 19.

13-члениот тим на СЗО беше снимен во живо на телевизија додека го напуштаа хотелскиот карантин и влегуваа во автобусот носејќи маски за лице, а беа придружувани од персоналот на хотелот и кинески официјални лица, пренесува Си-Ен-Ен.

Тие сега ќе започнат истрага за потеклото на епидемијата КОВИД-19 во Вухан на крајот на 2019 година, за што постои голем интерес, а холандскиот вируолог и член на тимот Марион Копманс вчера изјави за Си-Ен-Ен дека се свесни за очекувањата што светската јавност ги има за нивното истражување.

„Свесни сме за тоа, навистина се обидуваме да бидеме фокусирани на фактите, ние сме научници, не сме политичари, се обидуваме навистина да го разгледаме ова од научна перспектива“, рече Копманс.

Таа нагласи дека дел од тоа е напуштање на сите однапред формирани предрасуди за тоа како се развил и ширел вирусот, да се најдат вистински докази и да се започне оттаму, и потврди дека тимот ги поминал последните две недели во меѓусебни видео повици со кинески научници за да разменат мислења на досега познатото.

„Навистина мислам дека сите мора да покажеме трпеливост, ако погледнете некои од претходните потраги за потеклото на епидемиите, требаа години за да се завршат“, изјави Копманс за Си-ен-ен.

Слични содржини