Тимот на СЗО започнува со истрагата за потеклото на ковид: Посети на пазари, болници и лаборатории

од Stefanija Kuzmanovska
295 прегледи

Тимот на Светската здравствена организација (СЗО), кој го истражува потеклото на ковид-19, денес се состана со кинески научници, а наскоро ќе следи и посета на лаборатории, пазари и болници во Вухан.

Вчера, двонеделниот карантин на тимот истече од пристигнувањето во Кина, па сега тие можат да ја започнат истрагата.

„Прво ќе се сретнеме со нашите колеги, ќе разговараме за планот што го имаме тука во Вухан. Лидерот на кинескиот тим, професорот Ванјан, се шегуваше за некои технички грешки. Среќни сме што ги гледаме нашите кинески колеги во живо, по серија на онлајн состаноци“, рече Марион Копманс, вирусолог од Холандија, објави „Ројтерс“.

Тимот на СЗО треба да помине уште две недели во Кина и да го посети пазарот каде наводно избувна жариштето, а исто така ќе го посети и Институтот за вирусологија во Вухан.

Слични содржини