Тинејџер извлечен од урнатините по четири дена: „Ја пиев сопствената урина, така преживеав“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Тинејџер бил извлечен неповреден од урнатините на урнатата зграда во турскиот град Газиантеп рано утринава, четири дена по катастрофалниот земјотрес.

Пред зори во Газиантеп, во близина на епицентарот на земјотресот, спасувачите го извлекоа Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што бил заробен од понеделникот.

17-годишникот се насмевнал на толпата пријатели и роднини кои го скандираа неговото име, ракоплескаа и плачеа додека го носеа и го ставаа на носилки.

„Фала му на Бога што успеа“, рече тој, гушкајќи ја мајка си и другите кои се наведнаа да го бакнат и прегрнат додека го внесуваа во возилото на брзата помош. „Ви благодарам на сите“, рече тој.

Тинејџерот рекол дека морал да ја пие сопствената урина за да ја задоволи жедта.

„Така успеав да преживеам“, навел тој.

„Имам син како тебе“, му рекол спасувачот, идентификуван само како Јасмин, откако го прегрнал.

„Ти се колнам, не спиев четири дена. Се колнам дека не спиев. Се обидував да те извлечам“.

Слични содржини