Тинејџерот кој уби двајца демонстранти на протестите во САД: „Подготвени сме, ги штитиме луѓето“ (видео)

од Nikola Popovski
232 прегледи

Вистинскиот хаос владее на улиците на Кеноша во американската држава Висконсин, откако полицајци го застрелаа Афроамериканецот Џејкоб Блејк неколку пати во грбот.

Лекарите посочуваат дека постои голема можност Блејк да остане неподвижен поради повредите, а незадоволството на луѓето избувнало на улиците, а набргу прераснало во немири и судири.

Тензиите ескалираа уште повеќе, откако 17-годишниот Кајл Ритенхаус бил уапсен за убиство од прв степен. Имено, вооружен со пушка АР-15, тој пукал кон тројца демонстранти, од кои двајца им подлегнале на повредите.

Неговата изјава се појави и на социјалната мрежа.

„Ги штитиме граѓаните … Подготвени сме“, искоментирал младиот Ритенхаус.

На прашањето дали имаат муниција, тој одговори дека немаат гумени куршуми, односно дека се вооружени со вистински куршуми.

„Луѓето се ранети, па наше е да ги заштитиме. Ако некој е повреден, јас ѝтрчам на опасноста во пресрет. Затоа имам пушка со мене за да можам да се заштитам. Исто така носам и комплет за прва помош со мене – додаде Ритенхаус.

Слични содржини