Тинејџер од Куманово објавил монтирани слики со експлицитна содржина од малолетничка

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава

од Nikola Popovski
30 прегледи Фото: Фејсбук

Шестнаесетгодишник од Куманово бил приведен по пријава дека на социјални мрежи објавувал монтирана експлицитна содржина од малолетничка.

-На 08.01.2026 во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на социјални мрежи објавувал монтирани слики со експлицитна содржина од малолетничка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.