Тинејџер почина поради предизвик на TikTok: Проголтал 14 таблети, а пријателите го снимале

од Stefanija Kuzmanovska
193 прегледи

Тинејџер од Охајо почина по предозирање со Бенадрил поради предизвик на TikTok.

Телото на Џејкоб Стивенс почнало да се грчи откако 13-годишното момче проголтало големо количество лек против алергија додека неговите пријатели снимале за да видат што ќе се случи.

Трендот „Бенадрил предизвик“ покажува дека тинејџерите голтаат до 14 таблети за да предизвикаат халуцинации, а потоа објавуваат видеа од нивното искуство на социјалната мрежа.

Џејкоб итно бил префрлен во болница бидејќи неговото тело почнало да се гаси, а неговото семејство решило да го симнат од апарати за одржување шест дена подоцна откако му престанала функцијата на мозокот.

Таткото на тинејџерот, Џастин, изјави за ABC 6 дека сега е посветен да ги предупредува родителите и тинејџерите за опасностите од социјалните мрежи и објави слика од Џејкоб на апарати за одржување во живот во болницата за да ја прошири свеста.

„Тоа беше премногу за неговото тело“, изјави Џастин.

Тинејџерот бил ставен на респиратор и поминал шест дена во болница пред лекарите да утврдат дека неговиот мозок повеќе не реагира.

„По скенирањето на мозокот немаше ништо. Тие рекоа дека можеме да го држиме на машина, може да лежи – но никогаш нема да ги отвори очите, никогаш нема да дише, да се смее, да оди или да зборува“, рече таткото.

Слични содржини