307
18-годишник од Прилеп е приведен откако извршил полов напад врз малолетничка на пазар во Кичево, извести МВР.
Според полицијата, на 24.05.2023 во 00:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е К.М.(18) од Прилеп, со привремено прстојувалиште во Кичево. Тој, претходно, кај Сточниот пазар во Кичево, извршил полови дејствија врз малолетничка, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.