Тинејџерка го предизвикала крвопролевањето во училиште во Висконсин – усмртила наставник и ученик, па си пресудила!

од Nikola Popovski
219 прегледи

Шокантни информации доаѓаат од Висконсин, САД, каде во пукање во христијанско училиште загинаа вкупно три лица.

Имено, убиецот е девојка – изјавил за Си-Ен-Ен полициски функционер запознаен со случајот.

Станува збор за тинејџерка која учела во тоа училиште.

Таа убила наставник и ученик, а на крајот си го одзела животот. Има повеќе повредени.

Пукањето се случило во христијанското училиште „Изобилство на живот“ во Медисон, главниот град на американската сојузна држава Висконсин.

Шефот на полицијата Шон Барнс изјавил дека семејството на девојчето кое го предизвикало крвопролевањето соработува со полицијата.

Полицијата претходно соопшти дека „убиецот бил пронајден мртов во училиштето“.

Слични содржини