1,2K
Возрасен жител од полошкиот регион силувал 19-годишна девојка, со која претходно бил во љубовна врска, известија од МВР.
Според полицијата, немилиот настан бил пријавен пред два дена.
-Вечерта на 05.07 полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 54-годишниот Ф. Т. од Неготино, Полошко. Тој претходно бил пријавен од 19-годишна жителка на гостиварско село, со која претходно биле во љубовна врска, дека во стан во Гостивар ѝ извршил обљуба, информираат од полицијата.
При претрес во неговиот дом, полицијата пронашла остатоци од бела прашеста материја.
Против лицето ќе следи соодветен поднесок од страна на МВР.