233
Штипјанец на 19-годишна возраст украл возило од кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, автомобилот бил во сопственост на мензата на скопските клиники и со него удрил во бетонски столб.
-На 04.01.2023 во 02.45 часот на ул.„Козара“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(19) од Штип, затоа што околу 01.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ одзел патничко возило, сопственост на мензата на болницата и со него удрил во бетонски столб, стои во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот, најавуваат од МВР, ќе биде поднесена и пријава.