Тиодоровиќ: Информациите за криење на заразени и починати во Србија мора да се „разјаснет“

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Членот на Кризниот штаб на Србија, Бранислав Тиодоровиќ, за N1 изјави дека нема податоци за прикривање на бројот на жртви на коронавирус. Тој инсистира на тоа дека информациите на БИРН „мора да бидат разјаснети“.

„Јас во март реков дека мора да ги соопштуваме сите податоци, сè што имаме – јасно и прецизно“, подвлече тој.

Тој повторува дека Белград, Нови Пазар и Врање се најпогодени градови.

„Ова е продолжение на првиот бран и тоа секако е поврзано со жариштата што ги имаме во Србија, пред сè мислам на Белград, но и Нови Пазар, Тутин и Врање. Во Ковид болницата во Ниш, во стариот дел на Клиничкиот центар, имаме 85 пациенти и бројот се менува нон-стоп“, рече тој.

Тој додава дека однесувањето на населението е загрижувачко и затоа Кризниот штаб мораше да побара постојните мерки да бидат спроведени вчера.

Говорејќи за критиките на Кризниот штаб, тој вели дека не ги следи социјалните мрежи.

„Јас сум за тоа секој што има нешто да праша, да го праша јавно. И јас не мислам дека работите се точно како што велат критичарите. Во вонредна состојба, имавме колективна одговорност. Државата го презеде тоа врз себе да ги спроведува мерките, со обврзувачки карактер. Во моментот кога ја укинавме вонредната состојба, не ги кренавме мерките. Мерките останаа“, потсетува тој.

На прашањето да ги коментира собирите што се случија за време на изборите и во одредени изборни штабови, тој рече дека не сака да коментира за политички прашања и дека е „заинтересиран само за професијата“.