Бразилската фудбалска федерација ги негираше извештаите дека селекторот Тит ќе го напушти тимот по крајот на Копа Америка.

Ова беше објавено од страна на „ESPN“, кои цитираат извор од околината на тренерот.
58-годишниот стратег беше назначен за тренер на петкратниот светски шампиони во јуни 2016
година. Под негово раководство Селесао забележа 32 победи, седум реми и два порази. Неговиот
договор е до 2022 година.
На патот кон Копа Америка 2019, Бразил го порази големиот ривал Аргентина со 2-0. Во финалето,
играчите на Тите ќе спорат со тимот на Перу кој првпат стигна до финалниот натпревар во
последниве 44 години.