155
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според информациите, покрај овој, Романија на 19 часот и 23 минути ја погодил уште еден земјотрес со јачина од 2,8 степени.
Да потсетиме, земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран вчера во Романија.
Во ноќта меѓу вторникот и средата биле забележани дури 13 земјотреси, но сите биле со послаб интензитет.
Вчерашниот силен земјотрес од Романија беше почувствуван ширум Србија.