175
Околу 14 часот по локално време, недалеку од Истанбул е регистриран силен земјотрес.
По двата разорни земјотреса со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала, кои денеска ја потресоа Турција во близина на границата со Сирија, околу 14 часот по локално време недалеку од Истанбул е регистриран силен земјотрес.
Земјотрес со јачина од 5,5 степени е регистриран во областа Феризли, која е на само 150 километри од Истанбул.
Да потсетиме, земјотресот кој утринава ја погоди Турција беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала и предизвика разурнувања низ цела Турција и Сирија. Најмалку 1.500 луѓе ги загубија животите.