Тлото се уште не мирува: Нов земјотрес во Турција

од Nikola Popovski
182 прегледи

Уште еден земјотрес денеска регистриран во Турција. Станува збор за релативно силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил во источна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот бил на 58 километри од градот Малатија, кој беше еден од најтешко погодените во разорниот земјотрес што минатиот понеделник ја погоди јужна Турција и северна Сирија.

Повеќе од 33.000 луѓе загинаа во земјотресот од понеделникот, а големите спасувачки напори се уште се во тек.

Слични содржини