„Тоа е масовно убиство“: Што не ни кажуваат за „имунитетот на стадото“?

од Stefanija Kuzmanovska

Луѓето претежно го слушаат оние кои им го кажуваат тоа што сакаат да го слушнат, па затоа не е изненадувачки што сега сите внимателно ја следат приказната за контроверзната стратегија за борба против коронавирусот – „имунитет на стадото“.

„Имунитетот на стадото“ вклучува изложување на доволно голем број луѓе на вирус кои ќе добијат имунитет и ќе го запрат неговото ширење, така што тој повеќе нема да има кој да зарази, а аргументите во прилог на овој концепт главно се темелат на напорите за „оние со минимален ризик од смрт (доколку се инфицираат) да продолжат да живеат нормален живот “.

Во Америка сега зад сцената се вди кампања за спроведување на ваква стратегија за која се залага група истакнати научници, но според „Њујорк тајмс“ тие сè уште се во малцинство, бидејќи повеќето експерти за јавно здравје и членови на научната заедница ја оценуваат оваа стратегија како неизводлива и неетичка. мерки што можат да доведат до „масовно убиство“, како што истакна неодамна професор од Харвард во интервју за Си-Ен-Ен.

Потписниците на Големата декларација од Барингтон, која се залага за оваа контроверзна стратегија од една страна, се во право – ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на вирусот имаа длабоки и тешки последици за економијата, во контекст на семејно насилство, злоупотреба на супстанции,во доменот на негување на заболените од рак.

Затоа идејата за враќање во нормала – или нешто слично на тоа – е многу примамлива. Сепак, таа губи од својата привлечност кога ќе погледнете подетално што подразбира декларацијата што се залага за овој пристап.

Прво, не ги спомнува последиците што коронавирусот ги остава кај пациентите со низок ризик, иако голем број луѓе страшно полека се опоравуваат од инфекцијата. Покрај тоа, голем број на оние со благи или без симптоми завршуваат со последици врз белите дробови и срцето.

Второ, овој пристап не ги разгледува начините на кои најранливите можат да бидат заштитени. Лесно е да се држи дете подалеку од баба и дедо, ако не живее во ист град, но што ако сите живеат во иста куќа? Како да се заштити 25-годишно лице со дијабетес, или оној кој имал рак, кој треба да оди на работа секој ден?

И трето – и што е најважно: оваа декларација, како и секоја друга официјална и неофицијална кампања за спроведување на стратегија за „имунитет на стадо“, не кажува колку луѓе би убила оваа стратегија. А таа би убила многу.

„Имунитетот на стадото“ се формира кога доволно луѓе во популацијата стануваат имуни на вирусот со претходно заразување, или преку вакцина, а најоптимистички податоци велат дека тоа може да се случи кога околу 43 проценти од популацијата ќе добие имунитет.

Со ова темпо, додека најмалку 43 проценти од населението во која било земја, не само во Америка, се зарази, мртвите ќе бидат стотици илјади. Можеби и милиони.

Исто така има и секундарни жртви; сè уште е рано да се знае како коронавирусот ќе влијае на здравјето на оние кои го прележале.

Застапниците на „имунитет на стадото“ се повикуваат на примерот на Шведска, која навистина го потресе светот со пристапот кон пандемијата. Шведските власти негираат дека активно ја спроведувале оваа стратегија, иако ги држат економијата и училиштата отворени, ниту пак во Шведска е задолжително да се носат заштитни маски, додека во соседна Данска или Норвешка тоа е така.

Стапката на смртност во Шведска е пет пати поголема отколку во Данска и 11 пати поголема отколку во Норвешка. „Њујорк Тајмс“ посочува дека смртта, и покрај сè, не купи економски просперитет – шведскиот БДП забележа пад од 8,3 проценти во вториот квартал.

Ништо, се посочува, ниту антитела, ниту забрзано тестирање на антигени, ниту вакцина нема да биде „сребрен куршум“ со кој ќе се стави крај на короната, но сè ќе помогне да се заузда и да им се помогне на стотици илјади луѓе кои би умреле додека се стекнува „имунитет на стадото“ сепак да живеат.

Слични содржини