276
Федералната медицинско-биолошка агенција (ФМБА) доби дозвола од Министерството за здравство за клинички испитувања на лекот против ковид 19 и изборот на волонтери сега е во тек.
Направена е експертиза за претклинички испитувања на препаратот по што е дадено одобрување за првата фаза на клиничките испитувања.
Руската ФМБА направи и патентираше два уникатни лека за коронавирусот, изјави претходно денес шефицата на агенцијата, Вероника Скворцова.
Таа исто така рече дека агенцијата прави своја вакцина против коронавирусот.
„Двата лека се уникатни, немаат пандан во светот. Лекот за кој би сакала да зборувам е прв, етиотропен лек, кој директно влијае на вирусот. Тоа е всушност противотров за коронавирусот“, објасни Скорчова.