Тоблероне со сок од вишни

од desk2
261 прегледи

Направете посебно Тоблероне со сок од вишни кое се топи во уста.

СОСТОЈКИ:
100 гр. чоколадо за готвење
80 гр. маргарин
1 лажица мед
1 дл. сок од вишни
100 гр. мелени бисквити
30 гр. сецкани ореви
30 гр. сусам

ПОДГОТОВКА:
Се растопува чоколадото за готвење со маргарин и мед па се додава сокот додека се на оган.
Се меша да се стопи се, се лади и се ставаат бисквитите со оревите и претходно ппропржениот сусам на тава.
Се меси се убаво со раце, па се става смесата во калап со триаголен облик.
Уживајте!

Слични содржини