Треба да се спречи да настанат вакви инциденти и провокации. Големото мнозинство се согласува дека ова не е во ред и изразува згрозеност, вели историчарот Петар Тодоров во врска со отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Рој вели дека требало нешто да се превземе за да дојдеме до една ваква ситуација.
-Зошто сме дозволиле формирање здружение со вакво име, оти не е проблем самото доаѓање на делегацијата туку здружението со такво име. И не е првпат. Имавме здружение по име „Радко“ име кое е прекар на Михајлов, а Мара Бунева се чествува од пред десетина години и има комеморации во бугарскиот клуб во Скопје, коментира Тодоров, во Утрински Брифинг.
Демократијата не дава за право да се навредуваат другите, заклучува Тодоров.
Ова е пораз за Софија, но е во полза на Белград.
-Кога Софија зборува, зборува од аспект на Белград. Прво на Софија треба да ѝ бид јасно што таа сака да постигне тука. Ако мислат дека ќе нѐ направи Бугари, се лажат дека може да успеат. Ако сакаат да бидеме пријателска држава, тогаш мора да ја смени реториката, вели Тодоров.