Тодоров: Историската комисија е предмет на политичка злоупотреба во односите меѓу двете држави

од Берта Китинска
213 прегледи

Кај нас премногу често политичарите ја земаат улогата на историчарите, а понекогаш и историчарите ја преземаат улогата на политичари, и во едното и во другото резултатот е катастрофа, рече во Утрински Брифинг, професорот Петар Тодоров.

Тој зборуваше за принципите на работа на Мешовитата комисија од која зависи унапредувањето на македонско – бугарските односи.

-Ние како комисија кога го отворивме прашањето за учебниците и дури и за заедничките чествувања имавме наши предлози, наши забелешки и сме дебатирале околу тоа. Значи двете страни околу тоа се рамноправни, но што се случува после со Комисијата на политичко ниво понатаму, тоа од рамките на она што го работиме. Често може да види дека Комисијата е предмет на политичка злоупотреба во односите меѓу двете држави, односно се користи за да се напаѓа другата страна, кажа Тодоров.

Тој посчува дека за да може комисијата да даде резултати, двете страни треба да пристапат самокритично.

-Ние сме рамноправни и даваме многу конкретни забелешки за бугарското историско образование кое не третира нас како држава и како македонски народ, рече Тодоров.

Слични содржини