Тодоров: Јас сум сигурен и убеден дека доколку Мицкоски денес си поднесе оставка, на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи

Никола Тодоров, поранешниот министер во владата на Никола Груевски, во колумна за Дојче Веле потенцира дека доколку Христијан Мицкоски си поднесе оставка ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори.

-Мицкоски се надева дека ќе успее на овие локални избори да освои 20-тина градоначалници и тој пораз, математички прецизно, да ни го претстави како епохално подобрување на резултатот од последните локални избори за повеќе од 400%, но и како изборна победа на ВМРО. Морална де, повторно, ама кој памети и кој слуша?!

Важно е да се зачува фотелјата во партијата, привилегиите, парите и моќта. Важно е по секоја цена Мицкоски да си организира приватен конгрес на кој ќе постави свои делегати, кои со сигурност ќе му веруваат на приказната дека поразот е всушност победа и дека 20-тина освоени градоначалници се доволни за уште еден чист четиригодишен мандат за Мицкоски. Па не може Заев секогаш тесно да победува! Ќе дојде време, по инерција еднаш и Мицкоски ќе победи. Секој кој вака ќе размислува, ќе може да биде делегат на приватниот конгрес што Мицкоски сака да си го организира. Секој кој на ова ќе се спротивстави, ќе биде слуга на Заев, предавник, платеник, уценет и што ли уште не. А во основа е обратно – со тоа што не си оди, Мицкоски му помага на Заев, па излегува дека тој е негов слуга, а можеби и уценет, или пак има нешто трето. Не знам, но едно знам: Давањето на уште една шанса на Мицкоски да ја води ВМРО и да освои 20-тина градоначалници на следниве локални избори е давање на победата на СДСМ и на Заев на тацна. Јас сум сигурен и убеден дека доколку Мицкоски денес си поднесе оставка, на следните локални избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Доколку не си поднесе оставка, нема, пишува Тодоров.

Слични содржини