Тодоровски за корупцијата во општеството: Секое место на пратеничката листа си има своја цена

од Vladimir Zorba

„Зелена Лупа“ е граѓанска асоцијација која се залага за владеење на правото, интегритет и функционалност на институциите и во борбата против корупцијата.

Нивната визија е дека Република Северна Македонија може да биде пристојно место за живеење, каде што секој граѓанин на оваа земја ќе се чувствува фер и без дискриминација по било која основа. Земја со силни и независни институции кои ќе работат според законот, неселективно и фер. Без оглед на тоа која институција, секој граѓанин го има истиот третман, клиентелизмот и корупцијата треба да се сведат на минимум. – порачуваат од здружението.

За конкретните активности и цели Стандард разговараше со првиот човек на „Зелена лупа“ Васко Тодоровски.

Како треба да постапуваат функционерите кои се фатени на дело во корупција?

Во секоја нормална држава функционери фатени на доло во корупција или непромислени постапки со кои нанеле штета на општеството и народот веднаш поднесуваат оставки. Оставките се од морални причини бидејки таму постојат норми, наречени етика и морал.Такви норми кај нас никогаш не постоеле. Најголемиот број на функционер кај нас не би ни помислиле да поднесат одговорност, напротив го користат имунитетот за да ја избегнат кривичната одговорност, а за морална да не говориме. Ако се земе во предвид дека со постоечкиот изборен законик пратениците не ги бира народот него се избрани од самите партии, а секое место на листата си има своја цена, тогаш прашањето е од каде почнува корупцијата. Ако некој пратеник или функционер за своето работно место платил поголема сума на пари тогаш како од него да бараме морална одговорност кога истиот сакал да си ги поврати парите и нормално да биде во добивка за вложеното. Вакви појави беа јавна тајна за време на претходната владеачка структура.

Целото интервју прочитајте го на следниов ЛИНК.

Слични содржини