„Јас ја тужам државата затоа што сум крајно оштетен со решението на Комисијата за верификација на фактите решени кое Управниот суд го поништи и јас добив пресуда дека сум невен и врз основа на тоа поднесов тужба за да ми се надомести за претрпената штета“, вели поранешниот македонски амбасадор во Хрватска, Махи Несими, кој денеска во Граѓанскиот суд Скопје, поднесе тужба против Северна Македонија.
По првото рочиште во Граѓанскиот суд, Несими посочи дека со решение на Управниот суд, тој поднел тужба за надомест на претрпената штета.
“Не сакам да кажам ништо, не сакам ништо да прејудицирам, како што не кажував ни во текот на 7-8 години на судењата во Управниот суд. Јас побарав една разумна отштета со оглед на тоа каква штета ми е нанесена не само мене, туку и на целото семејство. Тогашниот режим произведе инквизитори, а сега е редно државата тоа дејствување на режимот и инквизиторите да го плати. Мислам дека мојата лустрација имаше политичка позадина, тоа е докажано и во суд“, изјави Несими.