„Тој е добро“: Анкара ја демантира веста дека Ердоган имал срцев удар

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Центарот за борба против дезинформациите на администрацијата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги демантираше пишувањата на медиумите дека лидерот на земјата доживеал срцев удар.

„Вестите на социјалните мрежи дека претседателот Ердоган наводно доживеал срцев удар и бил хоспитализиран не се точни“, објави Центарот за борба против дезинформации на Твитер.

Истовремено, потпретседателот на Турција Фуат Октај изјави дека здравствената состојба на турскиот лидер е добра.

„Здравствената состојба на нашиот претседател е многу добра. Во постојан контакт сме. Имаше мала настинка“, изјави потпретседателот, пренесе државната телевизија ТРТ Хабер.

Портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот, Еркан Кандемир, исто така, потврди дека Ердоган утре ќе учествува на настаните за нуклеарно гориво во нуклеарната централа Акују преку видео врска.

Некои медиуми претходно објавија непотврдена информација дека Ердоган наводно имал срцев удар. Тоа се случи откако Ердоган вчера го прекина интервјуто емитувано во живо на локалната телевизија бидејќи не се чувствуваше добро. По подолга пауза тој се врати во емисијата и изјави дека добил стомачен вирус поради напорниот распоред поради изборната кампања. Портпаролот на претседателот подоцна објави дека Ердоган е добро.

Слични содржини