„Тој филм нема смисла“: Сандра Булок откри од која улога се срами

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Актерката Сандра Булок досега глумела во бројни филмови и е добитничка на Оскар.

Една од првите улоги што Сандра Булок ја одигра во филмот „Брзина“ во кој нејзин партнер беше Кијану Ривс. Ова остварување постигна одлична гледаност, па се снима и продолжение.

Киану Ривс неодамна откри зошто не сакал да глуми во филмот „Брзина 2“ и бил заменет од Џејсон Патрик.

Сепак, продолжението не беше толку успешно како оригиналот, а Сандра во една прилика изјави дека жали што глумела во овој филм.

„Имам филм кој никој не го прифати и се уште ми е срам што глумев во него. Се вика „Брзина 2“. Бев многу отворена за тоа. Нема смисла. Бавен брод. Полека оди кон островот“, рече таа, според Variety.

„Тоа е еден од оние филмови што посакувам да не сум ги снимила, а не познавам негови обожаватели“, нагласи актерката.

Слични содржини