📽 Сандра Булок му ја исполни последната желба на својот покоен партнер

од Radmila Tasevska

Иако веќе подолго време се шпекулира за нејзините причини, популарната актерка се повлече од актерството за да ги помине последните моменти од животот со својот партнер Брајан Рендал. Рандал почина во август 2023 година по тригодишна битка со амиотрофична латерална склероза, а Сандра Булок сега ја исполни неговата последна желба.

Во саботата, на неговиот 58-ми роденден, актерката ја исполни желбата неговите посмртни останки да бидат расфрлани во Вајоминг со пуштање на неговата пепел во реката „Снејк“ во Џексон Хол.

„Среќен роденден, Брај. Сенди те донесе до реката, исто како што вети“, напиша на Инстаграм сестрата на актерката Гесин Булок-Прадо.

На видеото што го објави Гесин, покрај водата се гледаат дрвја покриени со снег и голи лисја, осветлени од зраците на изгрејсонцето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gesine Bullock-Prado (@gesinebp)

„Брајан рано избра да го задржи своето патување со АЛС во тајност, а ние што се грижевме за него дадовме се од себе за да го исполниме неговото барање“, велат блиските.

Слични содржини