Тојота и Киа рекордери во продажба на автомобили во Европа

од desk3
118 прегледи

Eвропскиот пазар на автомобили бележи рекорден пад, кој е најизразен во Велика Британија и во Германија. Бројот на новите регистрации во април изнесувал 1,23 милиони, што е помалку за 6,8 посто во однос на истиот период  минатата година кога се регистрирани  1,32 милиони.

За големиот минус во оваа година постојат неколку причини – од падот на продажбата на поедини  пазари, па се до фактот дека во април имаше празничнит денови. 

Стручњаците укажуваат на фактот дека во Велика Британија дошло до пад на автомобилите дури за 19,8 посто, a во Германија за осум посто.

Европското здружение на производувачи на автомобили  (ACEA) наведува дека продажбата паднала и во Франција и за шест а во Италија за 4,6 посто.

Единствено во Шпанија е забележан раст во продажбата, но само за 1,1 посто.

Продажбата на “Folksvagen”, најпопуларната европска марка, во април паднала за 14 посто, наведуваат агенциите.

Opel бележи пад од  13,1 посто Ford  падна за 12 посто, a продажбата на Reno паднала за  3,3 посто.

Единствен произведувач кој минатиот месец во Европа забележал позитива се  – Tojota za 5,4 постио  и Kia 8,1 посто.

 

Слични содржини