Том Хенкс верува дека играл само во четири добри филмови во својата кариера

од Stefanija Kuzmanovska

Том Хенкс е актер кој има освоено два Оскара. Тој е и наградуван продуцент. И да, тој е дури и успешен режисер на неколку филмови и ТВ серии. Неодамна е и автор на роман, а неговата нова книга со наслов „Создавање на уште едно големо филмско ремек-дело“ излегува во 2023. Верувале или не, тој сè уште не е задоволен од постигнатото, па тврди дека бројот на добри филмови кој ги снимил можат да се избројат на прсти на една рака.

Додека го промовираше својот нов роман, Том Хенкс зборуваше за магазинот People за инспирацијата за неговата приказна и за тоа како неговата филмска кариера игра толку голема улога во претстојната книга.

Хенкс тврди дека играл само во четири „прилично добри“ филмови. За кои наслови станува збор?

Можеме да претпоставиме дека во оваа група ги вклучи „Форест Гамп“ и „Филаделфија“ бидејќи му донесоа Оскар, но засега е мистерија со кои четири филма Хенкс е единствено задоволен во кариерата.

Слични содржини