Томанек: Чешката компанија „Арикома“ ќе продолжи со вработувањата во земјава

од Nikola Popovski

Директорот за инвестиции, одговорен за ИТ-секторот во групацијата „Арикома“, Михал Томанек, на денешната прес-конференција по новата чешка инвестиција во земјава, на прашање на „Локално“ изјави дека тие ќе продолжат да растат и да вработуваат повеќе луѓе во активностите во земјава.

„Немам точен број да би презентирам, но секако би сакал да ги мултициплираме бројките. Нашата амбиција е да имаме доволен број на луѓе, со кои ќе работиме“, истакна Томанек.

Сличен одговор даде и управниот директор на „Сивус“, Игор Лештар, кој соопшти дека ќе продолжи да работи со компанијата, заедно со „Арикома“, за да се остварат планираните цели.

Слични содржини