Томески: Утринава кај „Треска“ опожарен дел од правен субјект

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Во пожарот настанат во утринските часови имаше најден опожарен дел на правен субјект, изјави за „Локално“ командирот на скопската противпожарна бригада, Ѕвонко Томески, по денешниот втор настанат пожар кај фабриката „Треска“ во скопската населба Капиштец.

Тој додаде дека денешниот пожар е изгаснат и дека нема повредени лица.

Ова е втор ден како има пожар кај фабриката Треска. Од МВР се уште нема одговор за причините поради кои настанаа.

Дел од жителите на Капиштец утрешниот пожар не го виделе, а за вчерашниот за „Локално“, велат дека не знаат ни тие што точно можело да го предизвика.

„Се случи одеднаш, кога излегов како да екплодирала бомба. Да гореле бункерите ќе летнало се во воздух. Тие знаеле каде да го подметнат“, вели една од жителките кај фабриката Треска, додавајќи дека и утринава сигурно се случил од истата причина.

Друг жител кај „Треска“ посочи дека не се чувства безбедно.

„Ме фати страв, ноќеска едвај спиев. Не е можно да не е подметнат, барем јас така мислам. Тука беа пожарникари, полиција не знам што ќе направат, но не ни кажаа што е“, ни кажа тој.

Жител во тој дел од центарот на Скопје, кој исто така сакаше да остане анонимен, исто така смета дека исто така е подметнат пожарот.

-Подметнат е, што не се запали кога е лето, а не сега најдоа да палат. Ова 99 проценти има сомнежи дека ова денеска е подметнато, додава третиот жител.

Градоначалничка на Скопје смета дека станува збор за подметнат пожар

По избувнувањето на големиот пожар во кругот на поранешната фабрика „Треска“ вчера скопската градоначалничка Данела Арсовска излезе на терен со пожарникарите, кои неколку часа го гаснеа огнот, борејќи се со огнената стихија за да спречат таа да се прошири.

Арсовска нагласи дека има индиции според кои станува збор за подметнат пожар.

„Информација што ја добивме од околните жители е дека виделе дека има лица на овој потег непосредно пред пожарот. Искрено се надевам дека институциите ќе преземат сè што е во нивна надлежност да не се дозволи граѓаните да бидат во опасност. Она што го добивме како информација е дека во повеќе наврати се случуваат пожари на овој потег, јас сакам да верувам дека ќе се разреши оваа состојба, меѓутоа пред сè не смее да се дозволи граѓаните на Скопје да се загрозени, нивниот живот и нивното здравје да се загрозени од некој што е неодоговорен и што презема постапки што се на штета и на градот и на луѓето“, рече градоначалничката.

М.А.

Слични содржини