Досегашните податоци укажуваат на тренд на намалување на пријавите за несреќа при работа со смртни последици, кажа првиот човек на Државниот инспекторат за труд, воедно и функционер во СДСМ, Весна Томовска на трибината „Резултати што прават разлика“ во Кавадарци.
„Споредбено со 2021 , 2022 и 2023 година (19/2021,12/2022 и 4 2023 заклучно со месец мај) што е резултат на зголемената ефикасност на ДИТ на терен. Исто така во првите шест месеци од оваа година забележуваме и пад на претставки за прекршувања на одредени работнички права,(регрес за годишен одмор,минимална плата,спогодбен престанок на работниот однос),што секако е резултат на нашето планско и систематско присуство на терен и превентивната улога која ја има овој инспекциски орган. Во овој контекс сакам да кажам дека,согласно владините политики и политиките на МТСП во чиј состав е ДИТ, се применува и методологијата на проценка на ризик“, истакна Томовска.
Според неа врз основа на оваа методологија се дефинираат ризичните дејност и при планирањето на инспекциските надзори ресурсите се усмеруваат во тие дејности со што се обезбедува континуирано следење на правата на работниците во тие дејности.
„Особено сакам да нагласам дека ДИТ постапува неселективно,без разлика за кој работодавач се работи,странски или домашен и го спроведува законот подеднакво за сите . ДИТ е исто така целосно транспарентен при споделувањето на информациите за неговата работа како за работниците и работодавачите,така и за синдикатите и невладиниот сектор . Заради обезбедување на поголема заштита на правата на работниците ДИТ воспостави и нова алатка на својата веб страна преку која работниците можат да ги пријават повредите на нивните работнички права при што загарантирана им е нивната анонимност а истовремено на веб страната се објавени и правата и обрските какона работниците така и на работодавачите со што се обезбедува целосна транспарентност и информираност на сите кои се вклучени во трудовиот процес. Истовремено ДИТ воспостави и ситем на размена на податоци со ССМ и невладиниот сектор со што се овозможи инспекциските надзори да бидат поефикасни. Заради подобра мегуинституционална соработка се склучија и меморандуми за соработка со МВР и УЈП со што преку системот на размена на податоци и заеднички контроли се овозможи инспекциските надзори да се посеопфатни а со тоа и поголема заштитата на работничките права“, истакна Томовска.