Франк Бохбот е американски фотограф, активен и во филмската продукција. Познат е како креаторот на спацијалната имагинација. Сликите и фотографиите создадени од Бохбот изобилуваат со разни тоналитети и перспективи на просторот. За него светските медиуми пишуваат дека ја оживеа приказната на филмот „Блејд ранер“ режиран од Ридли Скот.