Тоне (ли) „Титаникот“ на Груевски, обвиненијата се пресериозни!

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Мерките за претпазливост се една димензија и проценка на судот, но почетокот на судските процеси не се спорни. Обемниот материјал, кутиите со докази најавуваат  тешки судски денови за онбинетите,  интензивни рочишта, си она што сега се поставува како позиција дека  обвинетите ќе се бранат од слобода, а не од притвор.

 

Останаа само уште  петте барања за определување мерка притвор на СЈО.Тоа е  случајот „Титаник“, каде всушност е  врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска.

Тоа е всушност обвиненето за изборни измами и нерегуларности во кои учествува раководството на партијата и лочично е на мета на СЈО да биде раководството на партијата

Од Кривичниот совет држат до тоа првин да ги известат странките па потоа јавноста. Судот најави дека одлуката ќе ја соопшти денеска.

  Основниот суд Скопје 1 претходно постапил по вкупно пет предмети на Специјалното јавно обвинителство. Станува збор за предметите „Тотал, „Титаник“, „Тортура“, „Тифани“ и „Тревник“. Според соопштението на судот, одбиени се како неосновани мерките за притвор за предметот „Тотал“ со што на обвинетиот Драган Павловиќ Латас му е одредена мерка за претпазливост, односно одземање на пасош. Судот определи мерки за претпазливост против обвинетата Ивона Талевска во предметот „Тифани“, како и одземање на пасош.

Од вкупно 13 барања за притвор на СЈО за кои се објавени одлуките, не е прифатено ниту едно.

Наместо притвор, во 11 случаи Судот реши да одреди мерка одземање на пасошите, а две лица останаа без никаква мерка.

Притвор се бараше, а вчера не им беше одреден на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, на поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујовски, на шефот на кабинет на поранешната министерка Гордана Јанкуловска, Тони Јакимовски, како и за лицата Н.Н. и Н.Б.

Претходно притвор не доби поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, ексминистерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска, началникот во МВР, Ѓоко Поповски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и лицето Л.Л. Ц., како ни пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури.

 

Барањата на СЈО за мерка притвор, Судот ги замени со одлука за привремено одземање на пасошите и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница и редовно јавување еднаш неделно кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1-Скопје. Тоа значи дека мерките за претпазливост се една димензија и проценка на судот, но почетокот на судските процеси не се спорни. Обемниот материјал, кутиите со докази најавуваат  тешки судски денови за оббинетите,  интензивни рочишта, си она што сега се поставува како позиција дека  обвинетите ќе се бранат од слобода, а не од притвор.

Единствено иритирачки за јавноста се последните одлуки за истиот тој суд , кој последните години носеше одлуки за притвор за целосно безазлени прекршоци,  случаи  за речиси  и само сомнежи, се вршеше голема злоупотреба на тој институт, а сега со целосни докази се тактизира и покажува друга „вредност“ на приспот и одлуките.

Но мерките за претпазливост се едно, а сериозноста на обвиненијата освен забава за партиската јавност  е со голема изгледност да го потонат „Титаник“ и изборните нерегуларности кои ги режирало раководството на ВМРО ДПМНЕ.

Веројатно оттаму и лидерот на партијата  Никола ГРУЕВСКИ, како што се шпекулира, побарал сам симнување на имунитетот,  за да се избегне дебата во паралмането и да се спречиуште една  негова бламажа пред јавноста.

Сепак за денеска очекувањата се првин  Судот да  ја соопшти одлуката за останатите барања од предметот „Титаник“.

СЈО пак уште за викендот веќе најави дека ќе ги обжали досегашните одлуки на Кривичниот суд, тие кои се спротивни на нивните барања, пред Апелацискиот суд во Скопје.