Топ 10: Есенскиот бран на Ковид-19 забрзано се шири во овие македонски градови

од Берта Китинска
408 прегледи

Есенскиот бран на ковид 19 забрзано се шиери низ земајав. Бројките на новодијагностицирани позитивни на коронавирусот не се намалуваат.

Листа на градови со најголем број активни носители на ковид 19:
Скопје 17524, активни 6808
Куманово 2699, активни 679
Штип 1963, активни 417
Велес 1188, активни 678
Битола 1054, активни 518
Охрид 957, активни 389
Кавадарци 745, активни 360
Гостивар 1503, активни 426
Струмица 1221, активни 642

Кичево 761, активни 299

Дека постои план за понатамошно функционирање на здравствените институции во корелација со работниците, уште еднаш потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

Освен во Струмица и Куманово, Филипче вели дека секаде има достапни кревети за оние кои ќе бидат хоспитализирани. Огромен е притисокот, но системот на ротација на кадарот обезбедува сигурност, за периодот кој ни претстои. Посочи и дека ги следат апелите за помош, но исто така потенцираше и дека не секоја приказна од тие е вистинита.

На новинарско прашање врзано за воведување на полициски час, министерот рече дека засега не се планира ваква мерка.

-Засега нема да има полициски час, односно доколку се почитува и новата мерка за забрана од групирање, нема да има потреба, истакна Филипче.

Тој кажа дека компанијата „Фајзер“ аплицирала да добие дозвола за употреба во Европската агенција за лекови.

– Тоа е процедура која трае неколку месеци. Верувам дека по ургентна постапка до Нова година ќе добијат дозвола и оваа, како и вакцината на „Бајонтек“, да бидат дистрибуирани. Ние ги очекуваме преку ковакс-механизмот. Тоа значи, како што ќе добиваат дозвола, така ќе дистрибуираат во земјите кои се во тој механизам. Имаме и друга понуда од Полска и преку грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој на последната средба со нашиот премиер Заев на Самитот во Солун покажал добра волја да бидеме дел од нивната набавка. Бидејќи е членка на ЕУ, Грција има директен договор за набавка – кажа Филипче.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40275, бројката на оздравени пациенти е 24229, на починати е 1156, а бројот на активни случаи изнесува 14890.

Слични содржини