Топ 10 најдобри земји за работници

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Швајцарија е прогласена за најдобро место на светот за привлекување и грижа за квалификувани работници четврта година по ред. Централноеропската држава зад себе ги остави Данска, Луксембург, Исланд и Шведска на светската ранг листа за таленти на IMD.

Швајцарија е пофалена за нејзиниот висококвалитетен образовен систем и фокусот кон таленти, како и за можноста да привлече професионалци од странство со висок животен стандард и силни плати.

Данска се претстави добро во однос на еднаквите можности низ целото општество, а Луксембург се издвојува според постојаните инвестиции во својата работна сила во последните неколку години.

Еве ги првите 10 земји на листата од 63 пазари, главно предводена од Западна Европа:

1.Швајцарија
2.Данска
3.Луксембург
4.Исланд
5.Шведска
6.Австрија
7.Норвешка
8.Канада
9.Сингапур
10.Холандија

САД го зазедоа 15-то место, рангирајќи се зад Германија (11), Австралија (13) и Хонгконг (14). Ирска е на 18-то место, Тајван на 20-то, а Велика Британија на 23-то место.

На дното на листата се наоѓаат Русија, Бугарија, Мексико, Романија, Колумбија, Бразил, Венецуела, Словачка, додека Индија и Монголија се последни на листата.

Слични содржини