Изгледајте неодоливо со нашите топ 3 совети за убавина
- Нежен пилинг за лице од бадем и павлака
Состојки: 3 лажици павлака, шолјичка шеќер, ½ шолјичка кафеав шеќер, 2 лажици маслиново масло, ½ шолјичка мелени бадеми
Подготовка: Нанесете го пилингот на суво лице и тријте ја нежно кожата со кружни движења. Лицето измијте го го топла, па со ладна вода
- Брзо и темелно против подочници
Состојки: две подебели парчиња краставица, две вреќички зелен чај
Подготовка: Краставицата и вреќичките држете ги во фрижидер, а потоа ставете ги на очите и оставете ги да делуваат некои 10тина минути. Зелениот чај природно ги стеснува капиларите
- Тоник од босилок за чистење на лицето
Босилокот е одличен антисептик, ги победува бактериите кои предизвикуваат акни. Земете 3 лажици листови сув босилок ставете ги во зовриена вода. Изладете ја водата и со памукче нанесете на лицето или вратот. Постапкава повторувајте ја секој ден пред да го чистите лицето
С.В.