308
Камионот во која е пронајден дрогата во село Крушопек, Скопско, низ територијата на Република Албанија поминал под целосно набљудување од албанската полиција, информираат од Министерството за внатрешни работи на Албанија, пренесува Топ Чанел.
– Во операцијата која имаше за цел контролирана достава на кокаин, учествуваа и структури од албанската полиција, кои овозможија премин на пратката од Црна Гора, преку албанската територија кон Северна Македонија и таа беше спроведена во услови на целосна безбедност и тајност, информираат од албанската полиција.
Според нив оваа операција преставува уште еден сериозен ангажман на полицијата во борбата против меѓународниот организиран криминал и доказ плус за довербата на партнерите во оваа борба.