Топ пет најмоќни руски борбени авиони

од desk2
183 прегледи

Американскиот весник National Interest состави листа на „најмоќните и најопасните“ руски борбени авиони.

„Погледнете, ова се петте најмоќни руски воени летала“, почнува текстот на американскиот весник. Прв на листата е повеќенаменскиот ловец Su-27, кој според авторот на текстот Јуан Готсман, бил одговорот на СССР на американските авиони F-15 и F-16, како и прилично солидно извезуваниот MiG-29, кој до ден-денес се користи во армиите на некои земји, пренесува Sputnik. Истакнато е одличното наоружување на Su-27, во кое спаѓаат неколку ракети воздух-воздух.

На врвот се наоѓаат и ловците Su-35 и Su-57. Првиот, пишува Готсман, се истакнува со брзина од 2.390 км/ч и радиус на уништување од 1.600 километри па нагоре. Припаѓа на генерацијата авиони 4++, а за неговата изработка се користат радиоапсорбирачки материјали што овозможуваат „невидливост“ на авионот на небото.

Невидливиот ловец од петтата генерација, Su-57, ги надмина останатите авиони во низа параметри. Се истакнува неговото најново наоружување и фактот дека способноста за маневрирање на Su-57 е подобра од онаа на F-35.

На списокот се најде и Tu-160. Готсман ја наведува огромната брзина на бомбардерот – 2.220 км/ч, а неговиот досег на летање изнесува 7.300 километри. Во текстот се додава и дека Tu-160 може да се наоружа и со нуклеарни и со конвенционални боеви глави.