Топ пет најздрави намирници на планетата

од Stefanija Kuzmanovska
395 прегледи

Списокот со пет најздрави намирници во светот ќе ви помогне да ги разберете основите на витамини и минерали кои на човечкото тело му требаат најдобро да функционира. И, дополнителен поттик – целата оваа здрава храна е навистина вкусна!

1. СПАНАЌ

Една од најздравите намирници на планетата. Спанаќот обезбедува енергија и е малку калоричен. Полн е со витамини А. Ц, Е, К, Б комплекс (Б6, Б2, Б1) и фолна киселина (витамин Б9) и омега 3 масни киселини.

2. МАЛИНИ

Како и повеќето бобинки, малините се полни со антиоксиданти за да го одржат телото здраво. Свежи или замрзнати, тие се полни со витамин Ц, калциум и железо.

3. ЦРНА ЧОКОЛАДА

Според истражувањето, темното чоколадо содржи повеќе антиоксиданти од повеќето овошни сокови – одлична вест за „чокохолиците“! Покрај тоа што го штити организмот од болести и спречува срцеви заболувања, темното чоколадо е природно средство за подобрување на расположението.

4. БЕЛ ЛУК

Се користи со векови за спречување на болести затоа што го инхибира растот на бактерии, го намалува холестеролот и крвниот притисок и има сериозна антиинфламаторна моќ.

5. ЛИМОН

Лимонот има силни антиинфламаторни својства и може да помогне во инхибиција на растот на клетките на ракот. Исто така, има витамин Ц исто колку и портокалите.

Слични содржини