Топ пет руски митови за НАТО и Ковид-19

од Берта Китинска
375 прегледи

Во нашата заедничка борба против пандемијата на Ковид-19, фактите и информациите од кредибилни извори се поважни од кога и да е. Од почетокот на кризата, руските власти упатуваат невистинити обвинувања во однос на улогата на НАТО во борбата против вирусот, наведе Алијансата на својата веб страница, објавувајќи ги петте топ руски митови за НАТО и коронаворусот.

Во продолжение го објавува целосниот текст, објавен на веб страницата на Алијансата.

Мит број еден – Ковид-19 ќе доведе до распад на НАТО

Факт – Веќе 70 години НАТО се грижи за безбедноста на нашите земји и нашите граѓани со континуирано прилагодување на новите предизвици. НАТО е создадено за да се справува со кризи, и ние работиме во насока да спречиме оваа здравствена криза да стане безбедносна криза. Во нашите општества, има припадници на цивилниот и воениот персонал кои се позитивни на Ковид-19, но главната политичка и воена работа на НАТО продолжува. Нашата способност за спроведување операции не е поткопана. Нашите сили се во состојба на готовност, и нашите суштински активности непречено се одвиваат, вклучувајќи ги нашите мултинационални бригади во источниот дел на Алијансата, нашите поморски сили и нашите мисии од Авганистан до Косово.

Продолжуваме да обезбедуваме кредибилна и ефективна превенција и одбрана, додека ги поддржуваме националните и меѓународните напори за справување со пандемијата. НАТО сојузниците продолжуваат со меѓусебна поддршка во справувањето со Ковид-19 и стојат еден до друг во духот на солидарноста.

Мит број 2 – НАТО доживува неуспех во поддршката на сојузниците во борбата против Ковид-19

Факт – НАТО има своја улога во поддршката на сојузниците во борбата против Ковид-19. Тоа вклучува овозможување авионски превоз на медицински средства и опрема, согласно барањата за поддршка и понудите на сојузниците и партнерите, при што обезбедува иновнативни начини на одговор. Повеќе сојузници, меѓу кои Чешка, Италија, Луксембург, Холандија, Северна Македонија, Романија, Словачка и Шпанија имаат бенефит од оваа поддршка. На барање на сојузниците, врховниот командант на НАТО, генерал Волтерс сега ја координира потребната воена поддршка за спречување на кризата и користи брзи воздушни рути во европскиот воздушен простор за воените летови кои превезуваат медицински средства. Во Алијансата, нашите професионални и високо обучени вооружени сили играат клучна улога во поддршка на националните цивилни активности. Тоа вклучува логистика и планирање, полски болници, транспорт на пациенти, дезинфекција на јавни површини и гранични премини. И додека ги поддржува сојузниците, НАТО продолжува да ја извршува својата клучна мисија – обезбедување на безбедност и одбрана за речиси еден милион луѓе.

Мит број 3 – Ковид 19 е оружје создадено од НАТО

Прочитајте и… Џан Ѕуо: До крајот на месецов се очекува кинеската помош
Факт – НАТО е одбранбена Алијанса и служи за заштита на околу една милијарда граѓани. Ковид-19 е болест, што се пренесува од животни на луѓе. Како што е потврдено од Светската здравствена организација, сите достапни докази покажуваат дека SARSCoV-2, коронавирусот што предизвикува Ковид-19, има природно потекло од животните и не е креиран вирус. Како што потврди СЗО, новиот вирус и болеста беа непознати пред неговата појава во Вухан, Кина, во декември 2019. Неодамнешмата анализа на геном на секвенца од SARS-CoV-2 покажа дека нема доказ оти вирусот е создаден во лабораторија или креиран на некој друг начин.

Мит број четири – Преку вежбите на НАТО се шири коронавирусот

Факт – Од почетокот на падемијата НАТО воведе ригозорни мерки за да го спречи ширењто на вирусот и да го минимизира ризикот за неговиот персонал во заедниците во кои служи. Како што веќе кажавме во јавноста, некои НАТО и сојузничките вежби беа модифицирани или откажани. Ова се разумни мерки на претпазливост, бидејќи безбедноста на нашиот персонал е наш врвен приоритет. Воениот медицински персонал на НАТО останува активен. Тие будно го следат секое потенцијално влијание врз силите на НАТО кои се распоредени во операции. НАТО продолжува да ја проценува ситуацијата и ги презема сите потребни мерки за да го ублажи ширењето на вирусот.

Мит број пет – НАТО охрабрува трошоци за одбраната на сметна на здравството

Факт – Министрите за надворешни работи на НАТО и генерланиот секретар на НАТО ја изразија својата симпатија и солидарност со сите оние кои се погодени од Ковид-19, со здравствените работници и останатите во првите борбени редови и со сите оние кои се соочуваат со финансиска несигурност или потешкотии. Во демократските земји, утврдувањето на државниот буџет е комплексен политички процес кој е одраз на социјалните потреби, како и на националните политички приоритети. Во време на криза нашите сили може да одиграат клучна јавна улога. Како што може да видиме сега, воените сили на сојузниците се круцијален дел од националниот одговор на Ковид-19, помагајќи со поддржување на цивилните напори со логистика и планирање, полски болници, дезинфекција на јавни површини и гранични премини. Нивното здравје и безбедност се исто така од суштинско значење за одржување на нашата подготвеност да ги одбиеме заканите и да ги заштитиме нашите нации. Важно е да продолжиме да инвестираме во нашите вооружени сили, но не на сметка на јавното здравје, туку за да осигураме безбедност за нашите луѓе и нашите нации.

Слични содржини