Топалов: Бугарија е најомразениот непријател на Македонците

од Nikola Popovski
427 прегледи

„Направивме одреден напредок во раните денови на работа на нашата комисија пред две години, кога колегите од Република Северна Македонија се согласија дека некои навредливи дефиниции за Бугарите во нивните учебници, како што се „номади“, „разбојници“, „ по потекло „Турци“, „Татари и Монголи“, „фашистички окупатори“, „варвари“, „убијци“, „силувачи“ и сè друго застрашувачко и злобно што можете да замислите, мора да се поправи“, изјавил Кирил Топалов, член на бугарскиот дел од Заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и образованието.

Според Топалов, македонските членови на Комисијата, се согласиле дека Цар Самоил владеел со бугарската држава како продолжение на бугарската кралска традиција и дека Климент и Наум ги испратил во Охрид принцот Борис и царот Симеон, односно како духовни и културни фигури и претставници на бугарската држава.

„ Не се согласуваме со изјавите, на пример, дека во средниот век немало бугарски народ, туку „македонски“, дека Светите браќа Кирил и Методиј не се Бугари, туку „Македонци“, и дека тие создале азбука не на бугарски јазик туку на македонски јазик, кој подоцна преминал на другите словенски народи, вклучително и на бугарскиот. Не се согласуваме дека Цар Самоил ја создал големата и моќна „македонска“ држава и ги поробил „Бугарите“, Србите, Албанците, Грците и другите , не се согласуваме дека Гоце Делчев не е Бугарин, туку Македонец, дека Браќата Миладинови, Григор Парличев, Рајко Жинзифов и ред други бугарски национални преродбеници се „Македонци“, а не „Бугари“, итн., итн. Целата нивна историографија е засновано врз лаги и несовесни фалсификати на историски факти“, истакнал Топалов во интервју за бугарскиот портал „trud.bg“, заклучувајќи дека денес, „Бугарија е најомразениот непријател на РСМ, а нејзината политика кон нив е одредена од „длабоката држава водена од белградските служби, како што изјави поранешниот премиер Љубчо Георгиевски“.

 

Слични содржини