Топалов: Македонските историчари продолжуваат да им служат на старите југословенски тези

од Nikola Popovski

„Македонската страна од Мешовитата комисија за историски прашања нема желба да ги придвижи работите напред“, смета бугарскиот историчар и член на Мешовитата комисија, Кирил Топалов.

Тој истакнал дека бугарската страна се надевала дека по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, работите ќе се променат.

„Сметавме дека тие ќе ги прифатат нормалните аргументи што ги предлагаме. Сепак, ништо не не се случува“, коментирал Топалов, додавајќи дека всушност со своите постапки македонските научници не ги прифаќаат тезите на Заев.

„Македонските историчари продолжуваат да им служат на старите југословенски тези, односно титовите тези. Тие ги знаат изворите, но ги читаат како ѓавол што го чита евангелието. Ставовите се се потврди“ изјавил Топалов за „БТВ“.

Топалов соопштил дека пред една и пол година бил постигнат компромис за Цар Самоил како продолжение на бугарската царска традиција.

„Нашите колеги сега категорично се откажаа од оваа прифатлива компромисна формулација. Не можеме да се согласиме со апсурдите во однос на Цар Самуил и да одиме напред. Ако нивното општество сака да влезе во ЕУ, мора да научи да мисли европски. Истото важи и за владата“, категоричен е Топалов.

Според него, „доколку С. Македонија сака да влезе во ЕУ, мора да се откаже од својата омраза кон Бугарија и да престане да ги образува идните генерации да ја мразат земјата преку учебниците по историја“.

Слични содржини